| четврток, 6 декември 2018 |

Ристовски: По реновирањето на блок Б, продолжува целосна реконструкција на „Гоце Делчев“

­ По реновирањето на 135 соби во блокот Б од студентскиот дом „Гоце Делчев“, каде што се сместени 315 студенти, следна фаза од целосната реконструкција на најголемиот студентски дом ќе биде реновирање на блокот А, а потоа и В и Г.

ristovski

 

За комплетното реновирање на блокот Б беа инвестирани 85 милиони денари. Променети се вратите, прозорците, подовите, во собите се заменети тоалетите, ставен е дополнителен мебел ­ кревети, плакари и биора. Реновирана е и библиотеката на овој студентски дом, која се наоѓа во блокот Б и е опремена со литература од проектот за превод на стручни книги. ­

ristovskiii

 

– Одлично завршена работа. За мене лично и за Министерството е од големо значење тоа што студентите се задоволни од условите во кои сега престојуваат. Со ист интензитет продолжуваме и во следната фаза на реконструкциите што ги најавивме претходно, изјави заменик – ­министерот за образование и наука Спиро Ристовски, кој денеска го посети реновираното крило на домот и разговараше со некои од студентите сместени таму.

risto goce

Соопшти дека за блокот А е избрана фирма што ќе го изведе комплетното реновирање и дека во наредните денови ќе почнат градежните активности. ­ Задоволен сум од динамиката и очекувам дури и со зголемен интензитет вториот блок од домот да биде комплетно реновиран за да може да се сместуваат студенти на следното аплицирање за студентски места.

ristov goce

 

– За блоковите В и Г и за мензата се очекува во наредните неколку дена, согласно со рокот, да биде завршен проектот за нивна реконструкција и потоа ќе се оди кон постапка за добивање согласност за да може да се објави реконструкција на тие два останати блока од овој студентски дом – додаде Ристовски.

Информираше и дека е во завршна фаза нацрт-­проектот за изградба на студентскиот дом „Невена Георгиева Дуња“ (Медицинар). Во наредните 30­-ина дена очекува до МОН да биде доставен проектот за изградба по што ќе следува јавен повик за избор на фирма­ – изведувач.

Во изјава за медиумите студентите Александар Захариев од Кочани и Крсте Илиевски од Вевчани рекоа дека, во споредба со претходните, добиле многу подобри услови по реновирањето на блокот. ­

goceeee

 

– Сега условите се драстично подобрени, особено во зима. Во стариот блок беше многу студено зашто прозорците беа дотраени. Имаме нови прозорци, парното е обновено и условите се многу подобри, и за учење и за живот во домот – рече Захариев.

Илиевски ги спореди новите услови со тие во домот „Пелагонија“ каде што бил сместен лани. ­ За разлика од таму се чувствува разликата ­ има подобри услови за учење, поголема приватност. Од голема корист ни е читалницата, добро е организирана, има за секого место. Најдобро е што има добра топлинска изолација и интернет што е нешто најпотребно за нас студентите, рече Илиевски.

ristovski goce

Во однос на двата проекта за млади што ќе се реализираат преку МОН, а кои вчера ги најави претседателот на ВМРО-­ДПМНЕ, Никола Груевски (сушалници и пералници во студентските домови и читалници во Струмица, Аеродром и во Велес), Ристовски рече дека Министерството ќе ги поддржува сите проекти што ќе го подобрат стандардот на младите и на студентите. ­ МОН ја поздравува оваа иницијатива. Со најавата за групни пералници и сушалници во студентските домови се постигнува уште еден дополнителен стандард, каков што има во западноевропските земји.

– МОН ќе ги преземе сите потребни активности за овој проект. Ќе го поддржи и проектот за отворање нови читалници бидејќи е во интерес на студентите и воопшто на младите во Македонија – рече Ристовски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top