| четврток, 6 декември 2018 |

Експлозија во италијанската амбасада во Кабул

Врз италијанската амбасада во Кабул е испукана ракета, а силната експлозија одекнала во целиот главен град на Авганистан. Најмалку едно лице е повредено. Највероjатно станува збор за чуварот.

Локалните медиуми јавуваат дека по експлозијата се раширил голем пожар. Сеуште никој не ја превзема одговорноста за нападот, кој доаѓа само еден ден пред состанокот на авганистанските и меѓународните власти за можниот мировен договор со талибанците.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top