| четврток, 6 декември 2018 |

Шон Пен: Интервјуто со Ел Чапо не успеа

Холивудскиот актер Шон Пен изјави дека интервјуто со нарко босот Ел Чапо сакал да повика на дебата околу американската војна против дрогата, но тоа не се случило и затоа смета дека неговата мисија е неуспешна.

son pen el capo

– Да бидам јасен, мојот напис не успеа – изјави Пен.

Актерот изјави дека неговата цел била да фрли светло на американската улога во меѓународната трговија со дрога.

– Сите сакаме проблемот со дрогата да престане. Сите сакаме убиствата во Чикаго да престана. Ние сме потрошувачки. Без разлика дали се согласувате или не со мене, во прашање е соучесништво – изјави актерот во интервју кое ќе биде емитувано в недела на каналот „Си-би-ес“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top