| четврток, 6 декември 2018 |

Премиерот Груевски во Вашингтон оствари средба со Сешн и Берсин

Gruevski- Pit Seshns 6

Во рамките на еднодневната посета на Соединетите Американски Држави, претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, денеска оствари средби со Пити Сешн, претседател на Законодавниот комитет на Конгресот, и со Ален Берсин, помошник секретар за национална безбедност.

Премиерот Груевски, во Конгресот на САД, оствари средба со Пити Сешн, кој е претседател на Законодавниот комитет на Конгресот, еден од највлијателните конгресни комитети, кој ги уредува сите прашања во врска со процедурите, потребите, правилата и останатите аспекти за усвојување на американските закони. Сешн е еден од највлијателните американски конгресмени од редот на Републиканската партија.

Gruevski- Pit Seshns 2

Груевски и Сешн ги поздравија билатералните односи помеѓу Република Македонија и САД, истакнувајќи заложба за личен ангажман во нивното понатамошно продлабочување и унапредување. Тие разговараа за унапредување на економската соработка, соработката на полето на инвестициите и трговската размена, при што разменија мислења за можностите за конкретна соработка. На средбата се разговараше и за потребата и заложбите за интеграцијата на нашата земја во НАТО во функција на регионалната стабилност и безбедност.Стана збор и за предизвиците во врска со мигрантската криза и начините за нејзино менаџирање, како и користење на искуствата на САД во оваа област – информираат од Владата.

Gruevski- Pit Seshns 1

Премиерот Груевски, според соопштението од владиниот Кабинет, истакнал благодарност за поддршката која САД и ја овозможува на Република Македонија и ја истакнал стратешката ориентација на нашата земја за партнерски односи со САД. Претседателот на конгресниот комитет Сешн, ја поздравил економската политика на нашата земја, и истакнал дека ќе продолжи со своите заложби за продолжување на поддршката на американскиот Конгрес и конгресните комитети на нашата земја во областите во кои е потребно.

Gruevski- Pit Seshns 5

-Соговорницте истакнаа дека Република Македонија и САД ќе продолжат со блиската соработка на политички, економски и безбедносни теми во сите области од взаемен интерес – додаваат од Владата.

Gruevski-Alen Bersin 1

Премиерот Груевски оствари средба и со Алан Берсин, помошник секретар за национална безбедност САД, кој е и потпретседател на Интерпол. Соговорниците разговарале за можностите за унапредување на соработката на Република Македонија и САД во областа на безбедноста и превенцијата од безбедносни ризици.

Претседателот на Владата Груевски во текот на денот ќе оствари средба и со потпретседателот на САД, Џо Бајден.

Gruevski-Alen Bersin2

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top