| четврток, 6 декември 2018 |

Екран кој се витка на LG

BN-LZ955_rollab_G_20160107152000На саемот за електроника во Лас Вегас, САД, беа изложени многу продукти кои се „виткаат“, но за сега ниедна компанија не се одлучила концептот да го комерцијализира.

Ел Џи електроникс (LG), јужнокорејската компанија го претстави прототипот од 18-инчениот дисплеј што може да се витка како хартија.

lg vitkanje ekran

Се работи за OLED дисплеј на LG, кој веќе одреден период се фокусира на закривени екрани. Слични концепти видовме и кај Sony, Samsung и Sharp, но за жал никогаш не продолжија да се развиваат.
lg vitkanje

LG сака да ги изработува ваквите дисплеи за смартфони, таблети и ТВ уреди со закривена површина. Се уште не е познато кога овие дисплеи ќе се пуштат во комерцијална употреба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top