Фото: Игор Ангеловски
На плоштадот „Македонија“ пристигна и најавуваниот рингишпил. Вртелешката беше донесена синоќа, а утрово сѐ уште се монтираше. Како што беше претходно најавувано, треба да има декоративен венец, дрвена ротирачка платформа и најмалку 32 седишта. Фигурите ќе бидат пони, кочии и ротирачки чаши. Проектот вреден 160.000 евра е финансиран од Град Скопје, а рингишпилот е изработен во Италија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


