За пациенти со малигни заболувања државата ќе набавува лекови кои не се на товар на Фондот. Станува збор за најсовремена терапија која месечно чини и неколку илјади евра , а болните мака мачеа за да ја купат. Ова е овозможено со законски измени кои стапија на сила пред Нова гоидина. Веќе е распишан тендер за набавка на лек за меланом на кожата.
– Пациентите кои се наоѓаат на Клиниката за онкологија и сите оние кои имаат потреба веќе го добиваат овој лек. Во иднина ќе биде распишани тендери и за други лекови за други заболувања – изјави Марија Дарковска Серафимовска, директор на Агенцијата за лекови и медицински помагала.
За тоа кои лекови ќе бидат набавени на ваков начин одлучува комисија при министерството за здравство составена од стручни лица од областа за која е наменета терапијата.
– Со одлука од таа комисија Министерството за здравство доставува барање до Агенцијата за лекови и се распишува тендер за конкретен лек, додава Дарковска Серафимовска.
Пари за оваа програма ќе бидат обезбедени од буџетот на Агенцијата за лекови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.