Дарко, Ервин, Барбара, Тина и остатокот од екипата на „Големиот брат3 со денови ја обиколуваат Хрватска и се дружат со обожавателите, кои вредно ги лајкуваат сите фотографии кои учесниците на „Големиот брат 2015“ги споделуваат на социјалните мрежи. А тогаш поради само една фотографија се случи вистинската војна на социјалните мрежи.
И додека до сега најчесто фотографиите на Дарко и Тина односно на Барбара и Ервин го пленеа вниманието на обожавателите и ги разгоруваа шпекулациите околу можните наводни врски на омилените станари фотографијата која завчера ја споделија Ервин и Дарко предизвика тотален хаос на интернетот.
На „спорната“ фотографија тие двајца прегрнати позираат , а намерно или пак не, зад грбот им стои напис „во врска“. Фановите ова веднаш го забележаа, а по некоја случајност Ервин ан истата фотографија покажува кон Дарко додека овој пак 2одобрува“ со палец кренат нагоре.
Сексуалната ориентација на Дарко и Ервин обожавателите и за време на реалното шоу често пати ја доведуваа во прашање, наспроти секси игри на Ервин и Стефани. Момчињата уште тогаш ги демантираа ваквите шпекулации, а овие денови поради истата тема на социјалните мрежи се води вистинска мала војна. Додека на едните тоа им е можност за злобни коментари, другите пак им одговараат „не си го пикајте носот кај не му е местото“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Народот излезе на Плоштад Македонија во одбрана на името Македонија
-
Сексапилната бразилка: Мојот задник ќе ги предвидува резултатите на Светското во фудбал
-
Фотографии сведочат какви биле условите пред да се добие новиот лик на МНТ
-
Се роди љубов: Бариш Ардуч и Елцин Сангу заљубени до уши во новата серија (Фото/Видео)




