Пример Мени
Појадок: филџан мусли прелиени со млеко
Ужина: суви бадеми, ореви, лешници до 50 грама
Ручек: За ручек можете да изедете месо колку што сакате и тоа риба, пилешко без кожа, телешко, јагнешко, а од свинско само шницла без сланина. Месни преработки треба да избегнувате.
Дозволено е да се земе интегрален или ’ржен леб. Месото можете да го подготвите на кој било начин, но одбегнувајте секојдневно пржење на храната.
Ужина: една јаболка, крушка, праска, грст јагоди, малини, а банани одбегнувајте.
Вечера: бистра супа од зеленчук без тестенина, сардина или туна со исцедено масло, парче интегрален леб. Може и супа од зеленчук без тестенини, чаша јогурт, парче интегрален леб или супа од зеленчук без тестенини, две тврдо варени јајца, домати.
Дополнителни совети:
Никогаш не вечерајте барем три часа пред одењето во кревет.
Не јадете слатки и грицки.
Не пијте пиво, газирани пијалоци и зашеќерени овошни сокови.
Не јадете бел леб.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


