Од 2010 година досега, Владата на Р. Македонија изгради и рехабилитираше 400 локални патишта низ Македонија со вкупна должина од преку 730 км и инвестиција преку 63 милиони евра.
Министерот заедно со градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески, и со директорот на агенција за државни патишта, Александар Стојанов, ги пуштија во употреба локалниот пат за с.Лениште и патот за Маркова чешма, вкупна инвестиција од 17 милиони денари.
-На почетокот на следната година започнуваме со изградба на експресниот пат Градско-Прилеп, кој ќе се гради во три фази, инвестиција од 80 милиони евра – изјави министерот Мисајловски.
Потпишувањето на договорот за изградба на втората фаза од овој експресен пат е во завршна фаза и набрзо ќе започнат градежните работи ако нѐ послужи времето – рече министерот.
При посета во Прилеп, Мисајловски изјави дека Министерството за транспорт и врски заврши со изградба на патот до манастирот во Зрзе во должина од 7,5 километри, инвестиција од 1.6 милиони евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.





