Петнаесетгодишен малолетник вчера со празен гасен пиштол без рамка и куршуми им се заканувал на тројца ученици во основното училиште „Сами Фрашери“ селото Пирок, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.
На инцидентот му претходела вербална расправија меѓу тројцата ученици од Пирок и 15 годишникот од Камењане во дворот на училиштето. Расправијата во еден момент кулминирала и малку недостигало да прерасне во меѓусебна физичка пресметка по што тројцата влегле во училишниот објект. По нив тука влегол и 15годишникот кој од појасот извадил пиштол, го репетирал, го вперил кон тројцата ученици и им се заканил, а потоа заминал.
Набрзо во близина на селските гробишта во Камењане 15годишниот малолетник кој не бил ученик во тоа училиште бил пронајден и во присуство на родител бил повикан во СВР Тетово.
Притоа кај него бил пронајден и одземен гасен пиштол „Екол“, без рамка и куршуми и по целосното расчистување на случајот против него ќе следува соодветен поднесок рече Јосифовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски со полн пиштол „макаров“ фатен на аеродромот во Софија
-
Бившата на Бордејн силувала 17-годишен тинејџер: Му останаа тешки трауми, менталното здравје му е загрозено
-
Дошол да бара невеста, не му ја дале, па извадил пиштол
-
Полицаец се заканувал со пиштол во месарница, не му се допаднало месото



