Во италијанските кина пред точно 18 години за прв пат беше прикажан филмот „Животот е убав“. Ремек-делото на Роберто Бенини го одбележа и улогата на неговиот филмски син. Малечкиот Џоузе порасна, но не се смени многу.
Филмот освои три Оскари и БАФТА награда, но заслугите сосема оправдано ги собра Роберто Бенини. За актерот, кој маестрално ја толкуваше улогата на малечкиот Џоузе, слушнале малкумина.
Џорџо Кантарини го има прекарот Џо. Токму кога го снимаше „Животот е убав“, родителите му се развеле. Останал да живее со татко му во Италија, а неговата мајка се преселила во Лос Анџелес. Неа ја посетувал за време на летните распусти.
По успехот на првиот филм, во 2000 година се појави во „Гладијатор“, на Ридли Скот и ја толкуваше улогата на синот на Максимус. Потоа играл во помалку познати италијански продукции.
Тој изјавил дека од „Животот е убав“ не се збогатил, со Бенини не се слушнал две-три години, но со неговата сопруга Николет редовно се слуша. Мечтае да стане како Роберто и еден ден да пишува,да режира и да глуми. На прашањето дали повторно би снимал со италијанскиот гениј, одговара: „Многу би сакал, но кога ќе бидам позрел и подобар актер. Којзнае, можеби повторно ќе направиме голем успех. Филм за Оскар“, заклучува.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сопругот на Јанкулоска: Попрво земјата ќе престане да се врти, отколку Горде да го остави Петар!
-
Го застрелал својот син стар шест месеци: Мотивот за убиството ќе ве шокира!
-
Северина ја загуби битката за синот: Александар ќе живее со Милан
-
Син на политичар се врзал со лисици за девојката и скокнал од покрив на зграда – трагедија ја постресе Русија







