| четврток, 6 декември 2018 |

Индиските власти го ослободија најмладиот од осудените за групно силување во 2012 година

суд

Најмладиот, од шестмината осудени за групното силување и убиство на жена во Њу Делхи пред три години, вчера беше ослободен, откако три години помина во поправен дом.

Момчето, кое за време на делото не беше полнолетно, сега ќе биде под старателство на невладина организација. Поради неговото ослободување имаше протести во Њу Делхи. Активистите и полицијата бараа тој да не биде ослободен додека не се докаже дека го поправил своето однесување. Протестите беа предводени од родителите на жената кој беше силувана во декември 2012 година.

Вишиот суд на Њу Делхи во петокот ја одби да ја продолжи казната со образложение дека ја одлежал максималната казна предвидена според законот. Врховниот суд на Индија денеска ќе ја разгледа жалба против неовото ослободување, поднесена од Комисијата за жените во Њу Делхи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top