Автобуските станици и автобусите на ЈСП вчера повторно беа цел на вандалите. Четири момчиња, од кои тројца тинеџери се повредени во три одделни инциденти што се случиле вчера во периодот од 16.45 до 20.50 часот во Скопје.
Осумнаесетгодишно момче од скопско Батинци било претепано од група непознати насилници во 16.45 часот додека чекало автобус на автобуската станица во близина на влезот на ГТЦ.
Во 20.10 часот, на булеварот Крсте Мисирков, исто така, на автобуска станица, група непознати насилници ги претепале малолетниците М.А.(16) и М.К.(17) од Скопје.
Четириесетина минути подоцна бил регистриран уште еден инцидент, овој пат, на улицата Антон Панов, каде што непознат сторител каменувал автобус на ЈСП, кој сообраќал на линија број 55 при што бил повреден патникот Н.Н.(23).
МВР трага по насилниците од трите инциденти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
ЈСП ќе пушти дополнителни автобуси за Задушница
-
Избегнат поголем инцидент во скопска градинка: Извадиле пиштол и нож спремни за пресметка
-
Контролор на ЈСП нападнал патник
-
Избегнат сериозен инцидент: Стотина полицајци се обидоа да се конфронтираат со #Бојкотирам, спречувајќи ги да протестираат пред Влада!


