| четврток, 6 декември 2018 |

Единаесетмина се приведени за масовната тепачка кај железничката станица

 Единаесет лица, од кои седум малолетни, биле приведени по вчерашната масовна тепачка во близина на железничката станица во Скопје, соопшти МВР.

Со сите нив е извршен разговор во полициската станица во Кисела Вода, по што се ослободени. Полицијата работи на утврдување на идентитетот и на другите учесници во тепачката.

Инцидентот се случи вчера околу 19.40 часот на улицата Никола Карев, при што било оштетено стакло од автобус на ЈСП со број 70.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top