| четврток, 6 декември 2018 |

Евростат: Пораст на индустриското производство

статистика графиконИндустриското производство во ЕУ и во еврозоната во февруари има пораст од 0,4 проценти во однос на јануари, пренесе Евростат. Во првиот месец од годинава растот во еврозоната беше 0,5 проценти на месечно ниво, а во целата ЕУ 0,6 проценти.

Во споредба со февруари 2012 година, индустриското производство во еврозоната во вториот месец од оваа година е зголемено за 2,5 проценти, а во цела ЕУ за 3,1 проценти.

Најголем раст на годишно ниво од 6,5 проценти бележи индустриското произвоство во Романија, пред Бугарија со 5,1 и Словенија со 3,3 отсто.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top