| четврток, 6 декември 2018 |

Монсерат Кабалје влегува во затвор

montserrat_80

Шпанската оперска пејачка Монсерат Кабалје доби пресуда со казна од шест месеци затвор за даночно затајување, соопшти агенцијата „Европа прес“, цитирана од агенциите.
Судот, на 82-годишната оперска пејачка, исто така и одреди и парична казна, во износ од речиси 255 илјади евра.
При утврдување на пресудата, судот го земал предвид фактот дека во текот на процесот пејачката ја признала вината.
Кабалје не присуствувала во судницата поради здравствени проблеми, но дала изјава преку видеоконференција.
Познатата шпанска оперска пејачка Монсерат Кабалје стана предмет на истрага за даночни измами минатата година.

1415208071_281110_1415212265_noticia_normal

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top