Претседателот Владимир Путин потпиша закон кој ѝ дозволува на Русија да отфрла одлуки на меѓународни судови, вклучувајќи го и Европскиот суд за човекови права, пренесоа агенциите, цитирајќи руски медиуми.
Законот, усвоен овој месец од страна на Парламентот, му дава право на Уставниот суд на Русија да не прифаќа решенија на странски судови, ако тие се спротивни на уставот, соопштуваат медиумите.
Минатата година, Европскиот суд за човекови права во Стразбур, нареди Русија да плати речиси две милијарди евра како надомест на поранешните сопственици на руската нафтена компанија „Јукос“.
Руската влада ја ликвидираше „Јукос“ во почетокот на 2000 години, откако го затвори нејзиниот шеф Михаил Ходорковски, под обвиненија кои според негови приврзаници се започнати за да се пресечат неговите политички амбиции.
Ходорковски помина повеќе од десет години во затвор. Новиот закон, кој според многумина е начин Русија да не го плати надоместот поради „Јукос“, може да ја наруши довербата кон Русија како членка на меѓународни договори, забележуваат агенциите.
Русија во 1998 година ја потпишала Европската конвенција за човекови права и е должна да ги спроведува одлуките на судот во Стразбур, потсетуваат агенциите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Путин и Трамп ќе разговараат во движење
-
Нов закон во Франција: Казна три години затвор и 45.000 евра за секој политичар што ќе си вработи член на семејството
-
Седна на местото на Путин, а тој спонтано повлече шмекерски потег!(видео)
-
Вицот на Путин го насмеа дури и првиот човек за национална безбедност на САД (видео)



