Постои можност околу 350 новороденчиња да се заразени од туберкулоза во една болница во Калифорнија, бидејќи е откриено дека еден вработен во здравствената установа боледувал од оваа болест.
Како што соопшти болницата „Санта Клара“ во Сан Хозе, кон средината на минатиот месец се појавил сомнеж дека еден од нејзините вработени има туберкулоза. Вработениот, кој работел на одделот за неонатологија, моментно е на отсуство.
- Додека ризикот од заразување е мал, последиците од инфекција од туберкулоза кај доенчињата можат да бидат сериозни. Поради тоа одлучивме да спроведеме детални испитувања и да започнеме превентивно лекување на бебињата колку е можно побрзо – изјави началникот на педијатрија, Стефан Харис. Според податоците на Центарот за контрола и превенција од болести, во САД минатата година биле регистрирани 9.421 случаи на туберкулоза.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.