| четврток, 6 декември 2018 |

Српскиот кандидат за „Оскар“, филмот „Енклава“ од 17 декември во „Синаплекс“

Српскиот кандидат за „Оскар“ во категоријата најдобар филм од неанглиско говорно пораќје, „Енклава“, од 17 декември ќе почне да се прикажува во киното „Синаплекс“.

a95d9082-477f-4c5a-93ca-7c8f81d0bf47

Филмот е драма која го следи животот на Србите што продолжиле да живеат во Косово по војната. Режисер е Горан Радовановиќ, а во главните улоги настапуваат Небојша Глоговац и Аница Добра.

Главната тема на филмот е животот на Србите во малите изолирани заедници – енклави на Косово и Метохија. Овие заедници се единствени од тој вид во Европа, а припадниците на полициите на ОН и ЕУ се неопходни за да се зачуваат овие територии. Присилени на живот без слобода, ограничени во мал простор, Србите кои останаа да живеат на Косово и Метохија егзистираат во многу тешки и гетоизирани услови.

Низ призмата на растење на децата во специфични услови после погромот од март 2004 г., преку нивниот однос и драмата која ја преживуваат, лесно можат да се увидат и да се почувствуваат основните идеи на филмот. Покајувањето, простувањето и љубовта впечатливо се препознаваат и се чувствуваат во пораките на „Енклава“.

Ова филмско дело преку децата ни раскажува за суштината на животот и за тоа кои се единствените правилни начини на решавање на проблемите и судирите.

емите и судирите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top