| четврток, 6 декември 2018 |

Детали за страшната сообраќајка кај Рампа: Мирче Д. од Скопје го загуби животот (галерија)

Во несреќата, како што вчера објави Курир, учествувале „лада“ со скопски таблички и патничко комбе „форд“ со српски регистарски ознаки.

eden-1

На лице место во несреќата животот го загуби 31-годишниот Мирче Д. од Скопје, додека со тешки повреди се здобил 19-годишниот сопатник од „ладата“ Д.Д.Б, кој итно бил пренесен во Ургентниот центар.

rampa

Со полесни повреди поминале возачот на патничкото комбе А.Б. и неговите тројца сопатници, 42-годишната Б.Ј., М.Б. (28) и Х.С. (23), кои биле пренесени во ГОБ „Наум Охридски“.

rampa-1-640x360

Полициски екипи во присуство на јавен обвинител извршија увид на местото на несреќата.

rampa-3

tri

 фото: Курир

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top