Тетовската полиција денеска околу 6 часот во непосредна близина на мостот помеѓу тетовските села Пршовце и Теарце го уапсила осомничениот Џ.Х.(56) од Тетово за вчерашното убиство во Мала Речица на Хасмир Х.(43) од Лисец.
Според податоците на СВР Тетово, Џ.Х. при полициската акција за негово приведување извадил пиштол и се обидел да го употреби односно да пука кон полициските службеници, но брзо и ефикасно бил совладан и приведен во СВР Тетово.
Кај осомничениот биле пронајдени и со потврда одземени пиштол „ТТ“ од руско производство и 30 куршуми што ќе се вештачат, јави дописникот на МИА.
Во текот на денешниот ден а во координација со јавен обвинител и со соодветен поднесок Џ.Х. ќе биде изведен пред судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово, најави портпаролот на СВР Тетово.
Убиство на Хасмир Х. се случи вчера околу 15 часот и 30 минути откако осомничениот Џ.Х. со велосипед дошол до чајџилница во тетовска Мала Речица и откако влегол внатре пред повеќе очевидци го застрелал Хасмир со еден куршум во пределот на срцето по што избегал од местото на убиството.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст