| четврток, 6 декември 2018 |

Нови линии на „Визер“ од Скопје, билети од 599 денари

­ Скопје од март ќе се поврзе со директна авионска линија со Берлин, Братислава и со Копенхаген. Летовите ќе ги оперира нискобуџетната авиокомпанија „Визер“.

Проширувањето на својата мрежа во Македонија со три нови рути од Скопје, оваа нискобуџетна компанија го најави денеска. „Визер“ ќе го поврзе главниот град на Македонија со Берлин од 21 март 2016 година, додека, пак, новите летови од Скопје до Копенхаген и до Братислава ќе почнат да се реализираат од 22 и 28 март.

Секоја од маршрутите ќе се спроведува двапати во неделата.

Билетите за најновите дестинации на „Визер“ се веќе во продажба и почнуваат од 599 денари.

„Визер“ оперира од македонските аеродроми до 24 дестинации кон 11 земји. ­

– Возбудени сме што ги најавуваме новите три маршрути од Скопје до главните градови на Данска, Германија и на Словачка и сме убедени дека и овие три нови линии ќе бидат популарни како и другите 21 во нашата македонската мрежа, која постојано расте. Билетите за новите маршрути се веќе во продажба од денес – вели Тамара Мешвениераџе од „Визер“.

„Визер“ нуди над 390 маршрути од 22 бази, поврзувајќи 115 дестинации низ 38 држави.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top