| четврток, 6 декември 2018 |

Охрид овој викенд ќе нема струја

mepso logo
МЕПСО ја известува јавноста дека заради изведување работи за модернизација на преносната мрежа, со надградба на заштитно громобранско јаже со интегрирани оптички влакна, ќе изврши исклучување на далноводите преку кои реонот на Охрид се снабдува со електрична енергија. Надградбата на преносната мрежа ќе се реализира во деновите на викендот: сабота, 13 април, во интервалите од 8.00 часот до 16.00 часот и недела, 14 април во интервалите од 8.00 часот до 18.00 часот. Додека трае интервенцијата, без напојување со електрична енергија ќе бидат дел од трафостаниците од кои ЕВН Македонија ги снабдува потрошувачите од овој реон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top