Херојот за Велика Британија е шкотскиот тенисер Енди Мареј. Тој во денешниот меч во финалето на Дејвис купот славеше убедлива победа од 3-0 (6-3, 7-5, 6-3) над Белгиецот Давид Гофан. Британецот доминираше од самиот почеток, направи брејк на средината првиот сет и поведе со 4-2, добивајќи го сетот со 6-3. Белгиецот најголем отпор пружи во вториот сет што Мареј го доби со 7-5, за фаворитот потоа повторно да направи брејк кон средината на третиот сет за конечни 6-3 и максимална победа од 3-0 во сетови.
Со оваа победа Велика Британија со вкупен резултат од 3-1 го врати во витрините трофејот кој последен пат го освои во далечната 1936 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


