| четврток, 6 декември 2018 |

Синот на Аркан ја исмеа изјавата на Цеца која кажа дека Путин е фраер (фото)

Изјавата на Цеца Ражнатовиќ по одржаниот концерт во Москва на синот на нејзиниот покоен сопруг му послужи како инспирација за уште еден јаван напад упатен кон маќеата.

цеца насолвна

Цеца во Москва наполнила позната дискотека со околу 4000 луѓе,а изјавата на Цеца за руските медиуми во кои таа го нарече претседателот на Русија Владимир Путин за најголем фраер стигна и до синот од првиот брак  на покојниот Жељко Ражнатовиќ,  Војин  Ражнатовиќ, кој редовно ја става маќеата на столбот на срам.

-Цеца изјавила „Путин е вистински шмекер“. Баш би сакал да видам фотографија од нив двајца бидејќи малку ми е  дискутабилно дека претседател на Русија покрај скорешната трагедија на пилотите и бројните обврски би одвоил време да отиде на концерт на некоја си балканска пејачка. Баш би сакал да го видам тоа чудо – напиша Војин и предизвика лавина коментари.

фбвојин

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top