| четврток, 6 декември 2018 |

Аталанта триумфално мина низ Рим, Џенова не издржа со играч помалку (видео)

AS Roma vs Atalanta Bergamo

Екипата на Рома го доживеа третиот пораз во Серија А лигата во најнезгоден момент бидејќи тренерот Раул Гарсија доби ултиматум од управата на клубот, да слави на следните четири средби ако сака да си го сочува тренерското место.
Наместо тоа „римкската волчица“ беше поразена од Аталанта сред Рим со 0-2. Алехандро Гомез го отвори резултатот во 40.минута, а домашниот тим беше декласиран од Герман Денис, кој погоди од пенал во 82.минута.

Горан Пандев ги одигра последните дваесетина минути во дресот на Џенова, која загуби на домашен терен од Карпи со 1-2. Фигуераш рано ја доведе Џенова во водство, но Бориело и Закардо донесоа целосен пресврт. Џенова играше со играч помалку поради црвениот картон на Паволети уште во шестата минута.

Резултати, Серија А 14.коло: Рома – Аталанта 0-2, Киево – Удинезе 2-3, Фросиноне – Верона 3-2, Џенова – Карпи 1-2.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top