| четврток, 6 декември 2018 |

Захариев: Влада периодов инвестира 400 милиони евра во Штип и штипско

5000zahtled-3
Каде и да отидат СДСМ ќе се разочараат, ќе видат дека народот е среќен затоа што оваа Влада во овој миг инвестира 400 милиони евра во Штип и штипско. Тоа не се случило во историјатата на градот, истакна градоначалникот на Штип Илчо Захариев, на вечерашната трибина во Штип, во рамки на кампањата на ВМРО-ДПМНЕ „На Македонија и треба твојата идеја”.

-Автопат Штип- Скопје, експресен пат Штип- Велес, автопатско решение Штип- Кочани, пат Штип- Радовиш и пат Штип преку Карбинци до Виница. Јас на митингот во 2013 година реков дека сите патишта ќе водат кон Штип следните 4 години, еве тоа е вистина.

Захариев потенцираше дека во Штип има ТИРЗ зона и веќе 3 фабрики и додаде дека за 2 години Штип ќе увезува работна рака.

-Вчера удиривме камен темелник на нова фабрика која ќе згрижи 400 штипски семејства, а фирмата „Маер и Маер“ од Германија ќе го направи најголемиот логистички центар во Македонија исто така близу ТИРЗ зоната. Тоа се тие инвестици и таа е климата која ја создава оваа Влада, додаде градоначалникот на Штип.

За две ипол години, рече Захариев, се завршени 280 проекти, а беа ветени 125.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top