| четврток, 6 декември 2018 |

Не е сеедно на која страна од креветот спиете

спие

Доколку некогаш ве обвиниле дека сте станале на „лева нога“ и затоа сте нерасположени и нервозни, знајте дека не биле во право.

Најновата студија го изнесе податокот дека луѓето кои од креветот стануваат од левата страна се подобро расположени наутро од оние кои стануваат од десната.

И не само дека се подобро расположени, туку имаат повеќе пријатели и поголем процент на уживање во работата со којашто се занимаваат.

Од друга страна, оние кои стануваат од десната страна на креветот истакнале во анкетата дека преферираат да бидат сами, песимистични се и генерално лошо расположени наутро.

Бројот на испитаници во студијата е релативно мал (1.000 луѓе) и истражувачите немаат земено во предвид и други фактори кои влијаат на расположението при станувањето од кревет, па затоа ова истражување не треба да се земе „здраво за готово“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top