Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Ерменија Рубен Хајрапетијан тврди дека во националниот тим се случило предавство за време на квалификацискиот натпревар за Европското првенство против Албанија.
– Фудбалскиот сојуз и националниот тим на Ерменија се сопственост на целата нација на која народот полага еднакво право. Јас како претседател на сојузот ќе направам се да ја пребродиме оваа криза. Нашите репрезентативци едноставно не сакаат да играат. А што се однесува до натпреварот против Албанија, во текот на тој натпревар се случи предавство. Да ја водеше репрезентацијата и најдобриот тренер на светот резултатот ќе беше ист, пишува Ерменија прес.
Сомнежи во регуларност на натпреварот се појави веднаш по натпреварот кога медиумите почнале да шират гласини дека неколку фудбалери на Ерменија го продале натпреварот за два милиони евра.
Да потсетиме, Албанија во последното коло од квалификациите ја совлада Ерменија во Ереван со 3:0 со два автогола на домаќините и со тоа обезбедија директен пласман на Европското првенство во Франција.
Ако овие шпекулации се покажат како точни Албанија може да добие сериозна казна, а својата шанса ја чекаат Данска и Србија. За целосно расвлетлување на случајот се чека одлука на УЕФА.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст