| четврток, 6 декември 2018 |

Од Вардар доаѓа потврда, Матјаж Брумен на крајот од сезоната си заминува од клубот

finale-kup-brumen3-615x400

Десното кирло на македонскиот ракометен шампион, Словенецот Матјаж Брумен ќе го напушти црвено-црното семејство на крајот од оваа сезона.
Неговиот договор со Вардар му устекуваше во јуни 2017 година, на тој е скратен за една година откако е постигната спогодба.
За Брумен уште пред дваесетина дена се најавуваше дека ќе ги напушти „црвено-црните“ и ќе се пресели во Горење, а денеска информацијата за неговото заминување беше потврдена и на официјалната веб-страница на „вардарци“.

– За играч како Брумен секогаш има место во нашиот тим. Со својот професионален однос секогаш е пример за голем спортист и пред се човек, со кого е задоволство да се соработува. Неговиот придонесе ќе остане впишан во клупската историја на Вардар. Верувам дека и сезонава ќе успееме заедно да се радуваме на уште поголеми клупски успеси – вели Давор Стојаноски, извршниот директор на Вардар.

Брумен е дел од тимот на Вардар од 2013 година, период во кој „црвено-црните“ двапати играа во четвртрфиналето од ЛШ, стигнаа до титулата во СЕХА-лигата, а ја освоија и двојната круна на домашната ракометна сцена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top