Турските туристички центри на западниот брег се идеални за зимските подготовки на повеќето тимови од Европа. Многу екипи од руското првенство секоја година своите подготовки во паузата од првенството во јануари ги извршуваат во Аланија и Анталија.
Сепак по вчерашниот воен инцидент по кој турски воен авион собори руски, на границата меѓу Сурија и Турција, веќе денеска има неколку откажувања на аранжманите на турското крајбрежје од руски тимови.
Како што пренесуваат руските медиуми, раководството на Амкар од Перм одлучи да ги откаже закажаните подготовки на својот тим во јануари.
По тој пат веројатно ќе тргнат и останатите руски клубови и ќе побараат други дестинации за тренинзи помеу двата дела од шампионатот.
Најголема корист од новонастанатата ситуација би можеле да имаат туристичките центри во Шпанија, Израел и на Кипар и да ги угостат тимовите од Руската Федерерација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.