Министрите за внатрешни работи на државите-членки на ЕУ ќе имаат денеска состанок во Брисел на кој ќе разговараат за безбедносните предизвици по нападите во Париз.
– Соочени со варваризам и со тероризам, Европа мора да биде обединета со Франција – изјави Етјен Шнејдер, министер за внатрешни работи на Луксембург.
Во соопштение се вели дека одлуката за одржување на вонредниот состанок е донесена во договор со француските власти. Цел на состанокот е да се обезбеди „силен и обединет одговор на Европа“, се додава во соопштението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.