| четврток, 6 декември 2018 |

Повреден пешак во Чаир

Осумдесетгодишен пешак е повреден утрово во сообраќајната несреќа што се случи на улицата „Цветан Димов“ во скопски Чаир.

Несреќата се случила откако автомобил „пежо“ со велешки регистарски таблички, управуван од 31-годишниот В.И. удрил во 80-годишниот пешак С.Х. Пешакот се здобил со телесни повреди и е пренесен во ГОБ „8 Септември“.

На местото на несреќата е извршен увид.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top