Енес Омерагиќ уби двајца припадници на Воените сили на БиХ Недељко Радиќ и Армин Салкиќ и ранил еден од припадниците на војската.(тука прочитајте повеќе детали за целиот настан)
Тој во близина касарна почнал да пука на нив, а потоа пукал и на автобус кој се наоѓал во непосредна близина.
По убиствата, Енес Омерагиќ за кој очевидците кажал дека бил на лош глас, користел наркотици, бил припадник на вехабијското движење се затворил во куќа која полицијата ја опколила и по неколку часа извршил самоубиство така што се разнел со бомба.
Според непотврдени информации неколку членови на неговото семејство се наоѓаат во Сирија.
На местото на убиствата, во обложувалницата во Улица Сафет Зајко, пристигнаа погребални возила за да ги однесат телата на убиените војници, пренесува Аваз.
Погледнете го потресното видео од местото на настанот на кој пристигнал таткото на едниот од убиените војници на Воените сили во БиХ:
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)