Овој четврток, 19 ноември во киното „Синеплекс“ ќе започне со прикажување „Игри на гладните:Мокингџеј 2”, последниот дел од популарната франшиза. Македонската компанија за анимација и визуелни ефекти ФХ3Хучествуваше во изработката на визуелните ефекти во соработка со студиото MPC Technicolor.
– На овој проект работеа 46 артисти, кои во период од 5 месеци изработија 166 кадри – изјави Кристијан Даниловски, ко-сопственик на ФХ3Х.
Франшизата на блокбастерот „Игри на гладните” ја освои филмската публика низ целиот свет, заработувајќи 2,3 милијарди американски долари на кино благајните.
– „Игри на гладните: Мокинџеј 2” ја завршува франшизата со моќен крај, што ќе го погледнеме во четврток – изјави Даниловски.
„Игри на гладните: Мокинџеј 2” е возбудлива и емотивна завршница на глобалниот филмски феномен, во кој Кетнис Евердин од преживеан учесник на најсмортоносните игри кои се било кога смислени, влегува во битка да ја зацрта иднината на својот народ, овојпат соочена со сознанинето дека целта повеќе не е да се преживее, туку да се создаде иднина.
Додека целиот Панем е зафатен од војна, Катнис се соочува со претседателот Сноу (Доналд Сатерленд) во финална пресметка. Со своите најблиски пријатели Гејл (Лијам Хемсворт), Финик (Сем Клафин) и Пиита (Џош Хачерсон) – Кетнис организира обид за убиство на претседателот Сноу со тимот од 13. Дистрикт, ризикувајќи да ги загубат своите животи за да ги ослободат жителите на Панем. Обсесијата на претседателот Сноу да ја уништи, смртоносните стапици, нејзините непријатели и моралните избори со кои е сооочена се поголем предизвик и од било која арена во која се борела.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија
-
„Македокс“: Зимска реприза на филмот „Над возможното“ во кино Култура