Турската ТВ ѕвезда, убавата Бегузе Корел, Шехерезад од „1001 ноќ“ и сопругата на познатиот Халит Ергенч, султанот Сулејман од „Сулејман Величествениот“ дефинитвно покажа дека има неисцрпна енергија.
Деновиве ја прифатила понудата на музичарот Ајкут Гурел да сними албум. Со оглед дека е Девица во хороскоп и на тој проект му се посветила максимално, па како што пишуваат турските медиуми, ангажирала учител по пеење и со него секојдневно работи во студио за да што подобро ги искористи гласовните можности.
Репертоарот за албумот внимателно го одбира, а од голема помош и е сопругот Халит кој има дипломирано пеење на музичка академија.
Дека има музички потенцијал Бергузе покажа во 2010 година во серијата „Незавршена песна“ во која партнерот и беше Булент Инал. Го толкуваше ликот на Фераја, кафеанска пејачка и во секоја епизода снимила по една песна. Тоа веднаш им го привлече вниманието на музичките продуценти, но Бергузе која во февруари таа година го роди синот Али, ги добила нивните понуди со образложение дека таа е пред се актерка и дека не сака нов ангажман бидејќи сака да биде со бебето.
Но тоа не ја спречувало дека на приватни полу приватни забави го земе микрофонот и запее. Запеа и во серијата „Карадај“ која се заврши во јуни, а во која партнерот и беше неодоливиот Кенан Имирзалиоглу. Потоа повторно беше затрупана со понуди да сними албум. Како што решила оваа сезона да направи пауза во актерската кариера и ужива во други работи, актерката преломи и го прифати предлогот на познатито музичар Ајкут Гурел.
Гурел е скржав околу деталите кои ги споделува со јавноста вов рска со овој проект, но е воодушевен со гласот на убавата актерка :„Бергузе има посебна боја на гласот. Таа ќе сними многу стилизиран албум, а најголемиот дел од приходитеќе оди во хуманитарни цели. Работиме на изборот на песните, засега направивме неколку демо снимки“.
Никој не прецизираше кога албумот ќе се појави во продажба, но медиумите шпекулираат дека во 2016 година ќе имаме можност да го чуеме музичкото првенче на убавата актерка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.