Приходите на Црквата на Англија, се поголеми од оние на синџирот „Мекдоналдс“ во Велика Британија, покажуваат новите податоци. Приходите на црквата изнесуваат 1.41 милијарди фунти (2.14 милијарди долари) во 2013 година, со што ги надминуваат генерираните од „Мекдоналдс“ 1,37 милијарди фунти (2.08 милијарди долари).
Тие исто така се три пати повисоки од оние на популариот ланец кафулиња „Старбакс“.
Тоа значи дека со приходите на Црквата на Англија, би можело да се откупи сето продадено од „Мекдоналдс“ во Велика Британија во 2013 година. Речиси половина од приходите доаѓаат од посетителите на црквата, од кои секој донирал во просек по околу 700 фунти (1 065 долари) во годината.
Поголем дел од останатите средства доаѓаат од инвестицискиот фонд, со активи од над 6 милијарди фунти (9.12 милијарди долари) и од оперативна дејност и трговија, кои вклучуваат такси за крштевки, свадби и погреби, кирии, такси за влез во катедрали и продажби во продавниците за сувенири.
Финансиските податоци за Црквата на Англија беа обелоденети во година во која Архиепископот на Кентербери, Џастин Велби и други високи духовници редовно ги критикуваа последиците од државната политика и капиталистичката економија.
Приходите на црквата во 2013 година биле 1.41 милијарди фунти, но таа потрошила повеќе т.е. 1.42 милијарди фунти (2.16 милијарди долари).
Приходите на Црквата на Англија во 2013 година биле три пати поголеми од оние на „Старбакс“ во земјата (399 милиони фунти / 607 милијарди долари) и можат да бидат споредени со генерираните 3.38 милијарди фунти (5.14 милијарди долари) од „Гугл“ и прометот од 4,3 милијарди фунти (6.54 милијарди долари) на „Амазон“.
Посетителите на црквата донираале 751 милиони фунти (1,14 милијарди долари) од 12 000 парохии. Ова значи по 13 фунти (20 долари) на човек на недела или 676 фунти (1028 долари) на човек годишно.
Црквата во последните години повеќе се потпира на донации, откако посетите се намалуваат и таа притиска верниците двојно да ги зголемат своите донации.
“Посетите на црквата се намалени за 7.6% во периодот 2004 – 2013 година. Но сепак, за овие речиси 10 година нејзините приходи пораснаа за 30,6%. Ако сепак се земе предвид инфлацијата, порастот е едвај 0,2%.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Постигнат договор за раздвојување на Грчката православна црква од државата
-
Зошто палиме свеќа во црква и што значи тоа: Следниот пат сетете се на ова…
-
Ценовник од македонска црква предизвика лавина од негативни коментари
-
Во 12.500 пораки го опишале одвратното злоставување на бебе и 5 годишно девојче: Мајката и љубовникот осудени на 50 години затвор



