Во Домот на Културата „Марко Цепенков“ во Прилеп, на 13-ти и 14-ти ноември, со ”Недела на германски и полски филмови”, завршува фестивалот на европски филмови во градовите низ Македонија “Festival on wheels 2015”…
Љубители на филмската уметност во Прилеп ќе имаат можност да се забавуваат и да уживаат во изборот на квалитетни филмски остварувања од најновата Германска и Полска продукција, на проекцииите кои ќе се одржат во кино салата во Домот на Култура ‘’Марко Цепенков’’ во Прилеп.
Во петок, на 13 ноември, ќе се одржи филмска работилница Преку кастинг до улага во филм, со фотографот Коста Дупчинов, а проекциите ќе започнат од 18.00 часот, со Германскиот филм ‘’Die Wand’’, а од 20,00 часот ќе се прикажува Полскиот трилер ‘’ Closed Circuit’’.
Во Сабота на 14 Ноември,во рамките на детското матине, од 12 часот, најмладите ќе имаат можност да го погледнат детскиот анимиран филм ‘’Храброто автомобилче Плоди’’ ,синхронизиран на македонски, додека проекциите во вечерните часови продолжуваат со Германскиот филм ‘’Lose Your Head’’ со почеток од 18.00 часот, а од 20:00 публиката во Прилеп ќе има можност да го погледне добитникот на Оскар за филм од неанглиско говорно подрачје, Полскиот филм ‘’Ida’’, за кој филм кинематограферот Ришард Ленчевски ја доби наградадата за Животно дело на овогодинешниот Фестивал на Филмска Камера ‘’Браќа Манаки‘’.
Фестивалот e во организација на Катавеј од Скопје, со поддршка од Агенцијата за филм на РМ и во соработка со Домот на Култура ‘’Марко Цепенков’’ во Прилеп.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


