В четврток, од 19 часот во Галеријата „Лазар Личеноски“ која е во склоп на средното уметничко училиште ќе се одржи изложба на керамика од Младинската керамичка работилница- Кичево 2015.
Во работилницата беа изработени дела со традиционални техники и модерен облик. Во работилницата учество земаа ученици од гимназииите во Кичево и ученици од ДСУЛУД „Лазар Личеноски“ Скопје .
Младинската керамичка работилница е проект на Центарот за култуа „Кочо Рацин“ Кичево и ДСУЛУД„Лазар Личеноски“ и се реализираше во периодот од 11-16 јуни во грнчарската работилница на мајстор Слободан Столески во село Вранештица под раководство на Проф. Филип Фидановски и менторство на Проф. Гоце Стоилковски и Проф. Јован Наумоски.
Проектот е целосно подржан од Министерството за култура на Република Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.