Претседателот на Србија Томислав Николиќ не се меша во политичките случувања во Република Српска, тврдат од претседателскиот кабинет за српски Данас.
Важно е дека сега и тие што не нè сакаат и кои мислат дека влијаеме на тамошните состојби јасно да видат дека не сме иницијатори ниту на приказната за референдум, ниту на некоја слична тема и случувања во тој ентитет, се вели во одговорот на прашањето како претседателот Николиќ гледа на намерата на Милорад Додиќ да одржи референдум во Република Српска.
Од таму истакнуваат дека претседателот не сакал да ги коментира случувањата во Р. Српска исто како што направил и за демонстрациите во Црна Гора.
– Важно е да се знае дека ние не го пакуваме тој референдум во Република Српска и дека немаме ништо со тоа – велат од кабинетот.
Според Данас, српскиот премиер Александар Вучиќ пак го убедувал Додиќ да се откаже од намерата за одржување референдум на 15 ноември. Вучиќ смета дека референдумот би можел да предизвика нова војна и судири во и така нестабилната БиХ, кои потоа би се прошириле на регионот.
Иницијативата за одржување на референдум ја покренал Милорад Додик во јули годинава. Граѓаните ќе одговараат на прашање дали поддржувате неуставно и незаконско наметнување на закони од страна на високиот претставник на меѓународната заедница, а особено наметнатите закони за Судот и Обвинителството на БиХ и примената на нивната одлука на територија на Република Српска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст