| четврток, 6 декември 2018 |

Кавадарчанец претепан во својот дом, со ќотек го станале од спиење

Во Полициската станица во Кавадарци вчера во 11.00 часот И.Т. (34) од Кавадарци пријавил дека околу 3.00 часот, додека бил во својата куќа, повеќе лица влегле во собата во која спиел и физички го нападнале удирајќи го со палки по телото.

На местото на настанот е извршен увид од страна на ПС Кавадарци. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top