Добрата вест е дека „Мекдоналдс“ конечно го враќа помфритот во Венецуела, што престана да го продава минатата година. Лошата вест е дека обична порција помфрит таму чини околу 79 долари или 500 боливари, според официјалниот курс во земјата.
Големата порција пак чини цели 126 долари или 800 боливари.
Но, по курсот на црниот пазар во Венецуела, цените на обичната порција е 0,64 долари, а големиот на 1.15 долари, според „Fusion“.
Земајќи предвид дека сепак на црниот пазар, минималната плата во Венецуела е само околу 13 долари месечно, значи дека големиот помфрит чини околу 9% од месечната плата на човек.
Економијата во Венецуела е во тешка состојба. Земјата се бори со голема инфлација, намалување на девизните резерви и ниските цени на нафтата.
Аналитичарите не се оптимисти во однос на блиската иднина на земјата.
– Се чини дека ситуацијата во Венецуела се влошува се повеќе и повеќе, напиша Хелима Крофт од „RBC Capital Markets“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




