| четврток, 6 декември 2018 |

Руски аналитичар предупредува: Наместо Голема Албанија, може да има “Разделена Албанија”

Земјата пати од таков степен на корупција и лошо управување, што наведува голем број од нејзините граѓани да бегаат, што само придонесува за економската криза во која се нашла Албанија и го зголемило стравот за политички немири, наведува рускиот аналитичар Андреј Корибко.

Надворешните набљудувачи се склони да мислат на Албанија како монолитна земја, но под покривката на “Голема Албанија” се крие длабока социјална поделба, која од време на време се ублажува со етнички иредентизам. Земјата пати од таков степен на корупција и лошо управување, што наведува голем број од нејзините граѓани да бегаат, што само придонесува за економската криза во која се нашла Албанија и го зголемило стравот за политички немири.

Елитата во Тирана прибегува кон митот за “Голема Албанија”, фиксирана меѓу основните социјално-економски проблеми и закани дека гео-дијалектската поделба еден ден би можела да добие политичка контура, и за да го одржи “единството” и да го намали бесот на општеството, го насочува вниманието кон “регионалната крстоносна војна”.

Како нешто што ја зголемува поделбата, исто така треба да се спомене дека географската поделба и разликите во дијалектот на Гегите и Тоските, има потенцијал да се претвори во конкретна регионална идентитетска криза, кој ја ослабува кохезијата на албанската држава.

Примерот со поранешна Југославија, поточно Србија и Хрватска, чии јазици се различни дијалекти на заеднички јазик, покажува колку дијалектот е длабоко вкоренет во политиката. Нема причина Гегите и Тоските во Албанија на северот и југот да бидат исклучок, посебно поради тоа што нивните дијалекти се многу поразлични еден од друг отколку српските и хрватските. Југославија имала комунистичка идеологија за да ги обедини различните идентитети, додека Албанија ја има “Голема Албанија”. Но, тоа што се случило во Србија и Хрватска по комунизмот, гарантира дека меѓу Гегите и Тоските ќе постои голема тензија бидејќи идејата “Голема Албанија” е да ги држи заедно.

Не мора да значи дека ривалството меѓу Гегите и Тоските ќе доведе до големо насилство како за време на распадот на Југославија или како сега на Блискиот исток, но треба да биде јасно дека кога идеологијата за “Голема Албанија” ќе исчезне, како кога исчезнала комунистичката идеологија во Југославија, ќе почнат да се појавуваат поделби, со кои манипулираат и странски актери.

Нешто слично се случува на Блискиот исток. По Втората светска војна, сите арапски земји биле против Израел, но кога јен панарапската идеологија почнала да бледее, и кога некои земји го признале својот поранешен непријател како Египет и Јордан, или почнале со Израел да влегуваат во де факто стратешки сојуз, односно Саудиска Арабија и заливските држави, за САД станало многу полесно да манипулираат со секташите разлики во муслиманскиот свет за да се спроведе принципот “раздели па владеј”.

Ситуацијата во Албанија е слична, со таа разлика што таму е многу поприродно секој нејзин составен дел од идентитетот да се раздвои без било какво странско мешање. Всушност, странските интервенции, во овој случај позитивната покриеност во американските и западните медиуми, се одговорни за засилување на идејата за единствена “Голема Албанија”. Сепак, во случај домашните дисиденти да станат доволно храбри и јавно да проговорат против “Голема Албанија”, тогаш разликите би можеле бурно да испливаат на површината, најверојатно на чело со потиснатата мнозинска заедница на Гегите. Можеби тогаш ќе дојде до заклучок дека “Албанија” како заедница на Гегите и Тоските станала исто толку анахрона како Југославија како заедница на Срби и Хрвати. Не мора да значи дека ќе дојде до крвав распад, но одвај одржливата заедница би можела да биде претворена во федерација на два независни дела.

Албанските политичари агитираат за обновување на “Голема Албанија” од времето на фашизмот, како очајна мерка да се надополни внатрешната слабост. Неуспехот на економијата на земјата ја наложува потребата да се оттргне вниманието на граѓаните од внатрешните проблеми, а потенцијалот на заедниците на Геги и Тоски по линијата север – југ да формираат регионалистички идентитети, ја притиска елитата во Тирана константно да ја истакнува оваа идеологија.

Но, кога идеологијата “Голема Албанија” ќе покаже дека не е способна да донесе прогрес, и кога нејзиниот хипнотизирачки ефект ќе престане, мнозинството од незадоволни и сиромашни граѓани на оваа земја може да се одвои од својот индуциран “транс” и да се сврти кон елитата која е навистина одговорна за нивната состојба. Тоа би можело да доведе до демонстрации како тие во Молдавија, што би можело да предизвика национална дестабилизација, посебно ако таргетираниот лидер одбива да даде оставка, или ако уште полошо, државата прибегне кон насилство за да ги растера демонстрантите. Текот на понатамошните случувања ќе зависи од тоа како Тирана ќе одговори на протестните движења и од тоа кои социјални елементи ќе играат главна улога во организирањето на демонстрациите.

Кога се зборува за Албанија, во голема мера е запоставена христијанската заедница во земјата, но не и помалку важна. Албанија има историја на верски судири, а во периодот на владеењето на Енвер Хоџа, државата забранила секаква религија. Тоа било внатрешна војна помеѓу владата и сите религии, а по падот на комунизмот, албанските елементи повеле уште една верска војна, исто така со поддршка на владата, но овој пат надвор од нејзините граници, со намера за брутално чистење на христијанското население во Косово. Изгледа дека доаѓа нова фаза на верски војни во Албанија, но овој пат тие можеби повторно ќе бидат сконцентрирани во самата земја, пренесува српски Kurir.

Доколку христијаните почнат да спроведуваат заедничка политика, и се изјаснат против “Голема Албанија”, без разлика дали од верски или прагматични причини, тоа би било најголем напад на националното единство кое Албанија го доживеала. Тоа автоматски би довело до некој вид на државно-спонзориран одговор.

Предвидената “мека” исламизација на општеството, стратегија за која се заложува Турција, и која веќе очигледно се подготвува, на крајот би била катастрофална за државата, и таа повеќе би ја поларизирала земјата отколку што би ја сочувала, и покрај уверувањата на Ердоган. Доколку дојде до исламизација на земјата по принципот на Турција на Ердоган, тоа може да навести дека христијанското малцинство повеќе ќе се идентификува со своите истоверни соседи, отколку со идејата за “Голема Албанија”.

Хаосот кој со сигурност би ја следел државата, би ја оживеал поднационалната свест во Албанија што би можело да го поплочи патот за слабеење на претпоставената “кохезивна” улога на албанската држава. Тоа само по себе веројатно ќе ја запре националната мобилизација, неопходна да го заживее неодредениот поим “Голема Албанија”, откако нејзините граѓани ќе почнат да размислуваат за “Гега Албанија” и “Тоска Албанија”. Тоа иронично може да стане можеби најдолготрајниот начин на одвраќање од албанска агресија, а со самото тоа и најголем гарант за мирот на Балканот во иднина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top