| четврток, 6 декември 2018 |

Снупи доби своја ѕвезда на Патеката на славните

Најпознатото кученце Снупи доби своја ѕвезда на Патекатана славните, неколку дена пред излегувањето на филмот во кој игра голема улога.

Популарниот пес кој стана омилен меѓу возрасните и децата низ целиот свет поради својот опуштен карактер и афоризмите од типот „Јас сум алергичен на утрата“ или „Утре ќе се зафатам со тоа” ја доби 2.563-тата ѕвезда на Патеката на славните на булеварот Холивуд, веднаш до ѕвездата на неговиот творец Чарлс Шулц.

Денес еден Снупи во природна големина дојде да ја прими својата ѕвезда и се фотографираше со обожавателите кои дојдоа да го поздрават. Малиот црнобел пес, кој првпат се појави во стрипот пред 65 години, веќе беше ѕвезда овој викенд на премиерата на „Снупи и пријателите“. Во другите земји анимираниот филм ќе се појави на 23 декември.

Снупи, кој сонува да биде светски познат писател или авијатичар-херој од ПрватаСветска војна, има „малку горчлив“ карактер, изјави еднаш неговиот творец Шулц, кој почина во 2000 година.

Тој им се придружува на многу други ликови од цртанитефилмови или од стриповите кои имаат своја ѕвезда на Патеката на славните, како што се зајакот Душко Долгоушко, Пајо Паторот, Мики Маус, Шрек, Симпсонови, Снежана,Ѕвончица и други. Други песови кои веќе имаат добиено свои ѕвезди во Холивуд се Леси и Ринтинтин.

Сега сите обожаватели на Снупи, Чарли Браун и останатиот дел од дружината ќе можат да ги видат во кината „Синапелкс“, Градско Kино „Mилениум“, 3Д кино Битола,  од денеска во 3Д технологија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top