| четврток, 6 декември 2018 |

Сораја откри дека го купила џипот само три дена пред да ѝ го запалат

Сораја се жали дека претрпела голема штета кога пред неколку дена и го запалиле џипот во Подгорица.(повеќе за тоа прочитајте тука).

Screenshot_2015-11-02-21-34-30-620x350

-Џипот кој ми го запалија беше нов. Го купив само три дена пред да биде уништен. Не испеав ниту да го осигурам ниту да го исплатам до крај –изјавила старлетата и додала дека џипот кој наводно вреди 120 000 евра поштено и сама си го платила.

Soraja2-670x476

-Се пишува се и сешто, како џипот ми го подарил овој , па оној …Можете да проверите дека три дена пред инцидентот во овластен авто центар во Подгорица  сама си го купив џипот. Се договорив да го плаќам на рати, со тоа што дел од парите веднаш ги дадов. Ова веќе го провери и полицијата, која истражува кој ми го запалил автомобилот – кажала Сораја и навела  дека сега пари заработува и како телевизиска водителка.

Soraja-Vucel-620x350

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top