| четврток, 6 декември 2018 |

За 24 часа 14 сообраќајки во Скопје, 12 повредени

Фото: Архива

Фото: Архива

 

Во текот на изминатиот ден на подрачјето на Град Скопје сообраќајната полиција извршила увид на вкупно 14 сообраќајни незгоди.

Од нив, шест се со последица материјална штета и седум се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле пет возачи на патничко моторно возило, четворица сопатници, еден пешак, еден возач на мопед и еден возач на мотоцикл.

Случена е и една незгода со последица тешка телесна повреда. Истата се случила во 13:10 часот на крстосницата од ул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“ и ул. „Аминта Трети“ во која учествувале две патнички моторни возила „форд фокус“ со скопски регистарски таблички, управувано од граѓанин на Скопје, патничко моторно возило „лада нива“ со непознати регистарски таблички, управувано од лице кое го напуштило местото и пешак, роден 1986 година, граѓанин на Скопје. По незгодата пешакот со возило на Брза помош бил пренесен во Ургентен центар каде му биле констатирани тешки телесни повреди и е задржан на понатамошно лекување.

Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај денеска ќе одржи сообраќајна поука со почеток во 19 часот во просториите на Полициската станица од општа надлежност Гази Баба, на која ќе присуствуваат граѓани учесници во сообраќајот кои сториле прекршоци по разни основи во својство на пешаци.

Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје денеска ќе одржи едукативни работилници во Централното основно училиште „Драга Стојановска“ кое се наоѓа во населено место Ракотинци и во подрачните основни училишта во населените места Сопиште и Долно Соње со учениците од второ и четврто одделение.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top