| четврток, 6 декември 2018 |

Педофили, убијци, силувачи на слобода доколку се изгласа законот за амнестија на осудениците

27 убијци и 29 силувачи би биле на слобода, доколку се донесе предлог законот за амнестија на осудениците, поднесен од граѓанската активистка блиска до СДСМ, Мери Николова, aнализира „Алфа“.

Утре пратениците треба да се произнесат дали ќе дадат поддршка за законското решение, со кое би се ослободиле и 6 лица осудени за обљуба на немоќно лице, 14 педофили, пет осуденици кои посредувале при вршење проституција, околу 390 дилери на дрога и повеќе од 1600 разбојници.
Според првичните анализи ќе бидат пуштени од затвор околу 800 лица, а најголемиот дел од нив од Скопје, Куманово, Битола, Тетово, Штип, Прилеп, Струмица, Гостивар и Кавадарци. Тоа би довело до загрозување на безбедноста на граѓаните.
Амнестијата на Николова ќе значи и намалување од 40% за казните за детска проституција, несовесно лекување на болни, изнуда, уцена, фалсификување на пари, како и за насилство. Тоа би довело до преполовување на изречените казни за околу 3.500 правосилно осудени лица.
Иницијативата за измени на законот за амнестија на Николова ја потпишале 11.000 граѓани. Неофицијално во логистиката за собирање на потписите учествувале општинските организации на СДСМ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top