Вечерва продолжуваат натпреварите во Лигата на шампионите. Четвртото коло на стадионите ширум Европа носи неколку интересни дуели.
Најголемиот спектакл се очекува да биде на „Сантијаго Бернабеу“ каде ќе се сретнат Реал Мадрид и ПСЖ.
Ова практично е реванш дуел од третото коло во кое двата гиганта одиграа без голови на „Паркот на принцовите“ во Париз.
Главната ѕвезда во тимот на Реал, Кристијано Роналдо, како и на првиот натпревар нема да ја има помошта од Карим Бензема и од Герет Бејл. Но и без нив, „кралевите“ одиграа одличен натпревар и беа поблиску до победата. Во една таква ситуација, улога на стартер ќе добие Хесе, додека Колумбиецот Хамес Родригез конечно се рехабилитираше по незгодната повреда и најверојатно ќе влезе во игра во второто полувреме.
Сепак, од таборот на „светците“ најавуваат дека пропуштената шанса за победа од првиот меч, ќе ја бараат вечерва во Мадрид. Тренерот на ПСЖ, Лоран Блан, најави дека на вечерниот натпревар повторно ќе излезе со офанзивна тактика и ќе атакува на победа. Во составот на парижаните ќе ги нема Маркињос и Пасторе поради повреди.
Главните ѕвезди на чело со Златан Ибрахимовиќ се подготвени да го совладаат големиот ривал на негов терен.
Европскиот вицешампион, Јувентус, по изненадувачкиот резутат пред две недели во Торино кога одигра само 0-0 против Борусија Менхегладбах, победата против Германците ќе ја бара на потешкиот начин вечерва на стадионот на противникот.
Единствен што не е во состојба да настапи за „старата дама“ е Сами Кедира.
Група А: Шахтјор – Малме, Реал Мадрид – ПСЖ
Група Б: Манчестер јунајтед – ЦСКА Москва, ПСВ Ајндховен – Волфсбург
Група Ц: Астана – Атлетико Мадрид, Бенфика – Галатасарај
Група Д: Борусија Менхегладбах – Јувентус, Севилја – Манчестер сити
Натпреварите започнуваат од 20.45 часот, освен мечот Астана – Атлетико Мадрид кој е закажан во 16 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


