| четврток, 6 декември 2018 |

Ретроспективна изложба на Боро Митриќески во Прилеп

На изложбата ќе бидат претставени 10 скулптури во дрво, со кои ќе биде опфатен поголемиот дел од творештвото на скулпторот Боро Митриќески.

Вечерва, вторник, 3 ноември, во 18.00 часот во галеријата на ЦК „Марко Цепенков“ ќе биде отворена ретроспективна изложба на Боро Митриќески.

Изложбата е во рамките на пославата на 3 Ноември – денот на ослободувањето на Прилеп.

Боро Митриќески Роден е во Прилеп во 1927 година. Основно образование завршил во Прилеп, а Уметничка школа во Скопје во 1948/49 година, каде што ги добил првите познавања за скулптурата од професорот Димо Тодоровски. Студирал на Академијата за ликовни ументости во Загреб каде професори му биле Антунац, познатиот портретист и Крстуловиќ. Дипломирал во 1954 година во класата на Вања Радуш. По завршувањето на студиите извесен период работел како ликовне педагог во ОУ, а потоа како слободен уметник.

Од 1979 до 1987 година бил директор на Уметничката галерија во Скопје од каде се пензионирал. Од 1997 година е редовен член на МАНУ. Во текот на својата професионална кариера бил на студиски патувања во Франција, Англија, Грција, Русија, Египет, Шпанија, Германија, Австрија, САД, Канада, Полска, Шведска…

Има изведено преку 10 споменици и поголем број споменични обележја, меѓу кои Портрети на Ацио Шопов, Споменик на Карпош во Кратово, Споменик на жртвите на фашизмот во бронза во Градска болница во Скопје, споменик ,,Св. Кирил и Методиј,, во бронза во универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј,, Портрет на Блаже Конески, Споменик на Александар Македонски, Сердарот и минијатурите, Бистата на Петре М. Андреевски и др.

Реализирал повеќе самостојни изложби во земјата и во странство, како и групни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top